Силјановска против помали казни за тешки еколошки инциденти (ВИДЕО)

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова смета дека не сите казни за прекршоци треба да се намалат.

За некои од нив кои прават поголема штета на јавното добро треба да има поголеми санкции, смета професорката.

Вчера државните служби казнија 7 македонски фирми со казни од 56 илјади евра за узов за токсичен мазут на кој заработиле милиони.

“Министерството за правда под итно треба да испита како влијаела новата политика на намалување на казните, линеарно намалување, заради усогласување со законот за прекршоци. Методот на линеарно намалување на казните не е добар бидејќи тие треба да се одмеруваат согласно значењето на доброто што се штити. Автоматски намалувајќи ги сите глоби ние всушност стимулираме понатамошно прекршување.

Чудно е како за одредени закони наместо да се заострат казните тие се редуцираат. Не мислам дека е европски да се редуцираат сите казни во сите закони”, вели професорката.

Повеќе во видеото