Во објава со наслов ,,И осличот е риба” професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова укажува на злоупотребите на министрите и нивната повластена позиција во однос на пратениците кои формално како народни претставници им се надредени.
,,Доминацијата до АЗДИСАНОСТ на Владата врз Собранието се гледа и во менито: министрите се гоштеваат со лигњи, октоподи и шкампи, а во собранискиот ресторан од риба (и тоа ретко) има само замрзнат ослич.
Сега сфатив зошто некои министри праќаа пораки дека ќе дојдат на пленарнaта седница по ручекот! А, можеби практикуваат “Romani cubantes cenabant”(Римјаните лежејќи јаделе)?
Згора, ако некогаш решат да ручаат во Собрание, за нив е резервирана најубавата маса, а ние, пратениците, ручаме со нивните телохранители!”, открива Силјановска која предупредува дека попладневните и ноќни седници во Собранието ,,се ризични заради опасноста да се посегне по ОГНЕНА ВОДИЧКА, под чие дејство се изведувале МОНОДРАМИ!
Ептен демократски амбиент!”.
Професорката алудира на информациите дека дел од пратениците во собранието влегуваат под дејство на алкохол по што се случуваат инциденти.