Професорката Гордана Силјановска Давкова открива законска пречка ДУИ да ја добие позицијата премиер на техничката преодна влада која согласно Пржинскиот договор во Македонија се формира на 100 дена пред изборите.
Пратеничката Силјановска во емисијата на Богдан Илиевски со правни факти го урива планот на ДУИ според кој нивни кадар треба да стане премиер на три месеци пред следните избори кога и да се случат.
ДУИ и СДСМ при влезот во владината коалиција се договорија Албанец да стане премиер на техничката влада и тогаш ДУИ го предложи Насер Зибери.
Овој меѓупартиски договор меѓу СДСМ и ДУИ како што открива Силјановска сепак не може да се спроведе.
Професорката Силјановска вели дека законска пречка ДУИ да го предложи идниот технички премиер е членот 43 од Законот за влада.
Според овој член како што цитира
Силјановска техничкиот премиер го дава партијата со најголем број пратеници во Собранието.
Во моментов и до изборите во моментов партија со најголем број пратеници во парламентот не е ниту ДУИ ниту СДСМ туку ВМРО-ДПМНЕ.