Силјановска: Ни треба експертска влада

ВМРО-ДПМНЕ бара експертска влада во која министри ќе станат вистински експерти, рече синоќа во гостување на „Алфа“ професорката и пратеник, Гордана Силјановска Давкова.

„Кога имаме минимална разлика меѓу партии, големи предизвици, криза, нефункционален парламент, тогаш треба да се преземе нешто, ама тоа не е гласање на доверба како што направи Заев“ рече Силјановска која е зашудена на кој начин премиерот Зоран Заев побара доверба, а веднаш потоа предложи широка коалиција.

„Велат широка коалиција, без лидерот на ВМРО-ДПМНЕ(?)

Тој е премиерот во сенка, не може без него. Начинот на кој Заев тоа го пласираше па после рече и дека не мислел така, значи неразбирање на демократијата “ рече Силјановска и додаде дека во ваква ситуација ВМРО-ДПМНЕ бара експертска влада.

„Експертска влада во која министри ќе станат вистински експерти, за да внесеме знаење“ рече Силјановска, според која „оваа власт е делигитимирана“.