Силјановска: „Метлата“ ќе се случи на 5 мај

Откако актерот Драган Спасов Дац синоќа на премиерот Зоран Заев му подари метла за да му послужи за најавената чистка што ја соопшти премиерот, реагираше претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова.

Силјановска преку „Витер, порача дека „метлата“ ќе се случи на 5. мај.

„Се чудам од каде “смрдеше рибата?! Народот ќе ви ја испорача “Метлата” на 5 мај!“, напиша Давкова на својот Твитер налог.