Не(зависна) новинарка на face-book воскликна: „Кастриот е ХЕРОЈ“, праќајќи му бакнежи.

Херој, во воено време се станува во битка, а не во скривница/заседа. Ова го знам и лично, по трите медали за ХРАБРОСТ во НОБ на мојот татко.

Пратеник – херој е оној кој се бори со аргументи во СОБРАНИЕТО , а не преку face-book.

Чудно, но првото политичко признание за „херојството“, НЕСЕБИЧНО дојде од најголемиот политички непријател – ДУИ , против кој се беше кренала БЕСА, извојувајќи најголема , ИСТОРИСКА победа во нерамноправната изборна битка за Тетово и правна – за ЖЕЛИНО!

Обеземен од ЕРОСОТ, во духот на платонската љубов кон САД И ЕУ, г-динот Адеми, можеби инспириран од КУПИДОНОВИТЕ стрели на новинарката, како и длабоко трогнат од ХЕРОЈСТВОТО во Донкихотовската битка со НЕПРИЈАТЕЛИТЕ на (ЕВРО)АТЛАНТИСТИТЕ, поетски изјави : „Срцето на Кастриот останало во Вашингтон и Брисел“.

Си помислив: барем да речеше дека Кастриот, кога РЕШИЛ да не се појави во Собранието, се водел од РАЗУМОТ, оти, со оглед на неговата религиозна определба, поблиско ми е толкувањето дека СРЦЕТО му било и му е со АЛАХ, со неговото семејство и БЕСА, одошто со САД И ЕУ.

Не верувам дека Адеми се однесуваше кон Кастриот, како непријателот кон Кузман Капидан, оддавајќи и почит на Неда, неговата мајка, за ХЕРОЈСКАТА СМРТ!