„Најповторуваната синтагма во мојата кампања беше Rule of law.
Најповторуваната синтагма на мојот противник беше „Реал политика.”

Победи супер-реалистот, со кампања водена по рецептот на Макијавели и неговата максима: целта ги оправдува средствата. Така, современите Тукидит-овци и Макијавелисти, на „правиот” пат кон високата цел, ЕУ, ги жртвуваа: националната историја, културната меморија, и Името.

ГО ИЗЛОЖИЈА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ЗАГРОЗАТА ОД ГОЛЕМОНАЦИОНАЛИСТИЧКИТЕ „ДОБРОСОСЕДСКИ“ АПЕТИТИ.

Попатно, во неуставната и непарламентарна игра за гласови за Уставни измени по „Балкански” рецепт, ја суспендираа правната процедура, за жал, со Европски благослов! Со еден неуставен потег на перото, покрај Преспанскиот договор, во уставна игра го вклучија и Охридскиот рамковен договор, кој што, тогаш, во 2001 година, воопшто не било предвидено да биде внесен во Преамбулата. Така, ние сме единствената земја, покрај БиХ и Кипар, во чиј Устав се споменуваат договори. И кога наивно веруваа и не убедуваа дека во октомври 2019, националната болка ќе ја замениме со одата на Европска радост, се обзнани првиот и најважен Копенхагеншки услов: владеењето на правото.

АМА, ОД ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО, НИ ТРАГ НИ ГЛАС ВО „ЕВРОПСКА“ МАКЕДОНИЈА. КАНИБАЛИСТИЧКАТА РЕАЛ ПОЛИТИКАТА ГО ИЗЕДЕ“.

ФБ статус на професорката Гордана Силјановска