Кандидатката за претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова на Фејсбук одговори на обвинувањата на премиерот Заев кој рече дека не постои заевизам, туку завидлизам кај опозицијата поради успашноста на неговата влада.

„Да, господине Заев, Ви завидуваме. Ви завидуваме како спиете навечер, а притоа да ја изгубите, продадете како суров трговец националната свест, да ги погазите коските на нашите предци. Ви завидуваме како се колнете во едно, а правите друго, и сеуште имате лице да одите на чело на поворка.

Ви завидуваме како може да се повикувате на оддржливи цели и родова еднаквост, а Владата која ја водите две години нема донесено акциски план ниту индикатори за мерење на оддржливите цели кои ќе одговараат на спецификите и состојбите во земјата, ниту сте испратиле претставник на состаноците во ОН на оваа тема.

И запомнете никој не е завидлив на заевизмот. Сите го презираат заевизмот”, напиша Силјановска на Фејсбук после денешната посета на Прилеп каде имаше уште една средба со граѓани.