Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања на министерот за правда Никола Тупанчевски му предложи Републичкиот јавен обвинител или сам да си поднесе оставка или Владата да го разреши од функцијата.

– Како може да се реши проблемот со Јавното обивинителство? Моите два предлози се, прво, оставка од првиот односно сонцето во јавното обвинителство кое се затемни. Вториот, може да биде барање од предлагачот значи од Владата за разрешување на Јавниот обвинител. Имате ли вие трет предлог? Во програмата на СДСМ пишуваше дека предлагаат да се бира Јавен обвинител на предлог на опозицијата. Министре јас не барам од Вас да се мешате во правосудство, меѓутоа многу ме интересира како мислите дека треба да се разреши оваа јавно обвинителска правна трагедија”, го праша пратеничката министерот Тупанчески.