„На еден состанок на „Меѓународниот сојуз“ јас прашав како може да се откупи земјиште без градежно одобрение и тука ми беше кажано дека тоа е проект на владата и ќе оди со европско знаме“, изјави Силјан Мицевски, сопственик на компанијата ,,Пелистер”, на денешното сослушување на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз”.
Тој рече дека не се сеќава кој тоа точнио му го кажал но нагласи дека 720-те илјади евра што ги дал за проектите за домови за стари лица, не му се вратени.
Доколку заврши вака, Мицевски рече дека ќе се чуствува измамен, пренесе „Плусинфо“.