Силен земјотрес со со јачина од 6 степени опо Рихтероивата скала го погодии утрово брегот на Крит.

Земјотресот се случил во 9,23 часот по локално време на околу 74 километри северозападно од градот Ханија на длабочина од 56 километри.

Засега нема пријавени штети или повредени.

Земјотресот беше почувствуван и во Пелопонез и во Атика.

Сеизмологот Ефтимиос Лекас за локалните медиуми изјави дека потресот во средата не бил поврзан со смртоносниот земјотрес што вчера ги погоди Албанија и Босна.

Говорејќи на државната новинска агенција АНА-МПА Акис Целентис, директор на Геодинамичкиот институт на Грција, исто така рече дека двата земјотреси не се поврзани.