Унгарија не сака да разговара за какви било санкции против Русија во врска со снабдувањето со нафта и гас.
Ова го изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, пренесува Teleks.hu, пишува Спутник.
„Унгарија не е подготвена да разговара за какви било дополнителни санкции во сферата на енергетиката, ниту за гасот, ниту за нафтата. И би сакал да кажам дека не сме единствените во ова“, рече Сијарто.
Како што објасни, на последниот состанок на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, на кој се разговарало за ограничување на увозот на нафта од Русија, му пришле неколку колеги и го прашале: „Петар, ти си против тоа, нели ти? Ние сме со тебе!”.
Според Сијарто, „бидејќи не е возможно да се транспортира природен гас во воз или во ранец“, Европа нема да може да се ослободи од зависноста од руските енергетски извори.
„Нема европска безбедност без руски енергетски извори“, изјави шефот на унгарската дипломатија.
Како што додаде, владата на земјата има јасно дефинирани национални интереси и не се плаши да ги следи, иако Унгарија постојано се соочува со притисоци и „политички уцени“, заштитувајќи ги националните интереси.
