Ова го изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто, кој учествува на Генералното собрание на Обединетите нации (ОНГА) во Њујорк според кој најдобро би било ЕУ да се откаже од осмиот пакет казнени мерки.
Министерството за надворешни работи на Унгарија ја пренесе изјавата на Сијарто, според која досега воведените казнени мерки „несомнено ѝ наштетиле на Европа многу повеќе отколку на Русија“, бидејќи доведоа до зголемување на инфлацијата и комуналните трошоци и услуги во ЕУ“.
Тој исто така рече дека „огромното мнозинство“ од светот надвор од Европа веќе сфатил дека последиците од санкциите се потешки од последиците од војната, бидејќи предизвиците со кои светот моментално се соочува произлегуваат од санкциите, а не директно од војната.
