Највисоки американски и европски функционери се загрижени дека рускиот претседател Владимир Путин каклкулира со претседателските избори во САД во 2024 година во воениот план за Украина, со надеж дека загубата на претседателот Џо Бајден следната година ќе ги натера САД да ја намалат поддршката за Украина и да ја подобрат преговарачката позиција на Русија, изјавија четворица американски претставници за Си-Ен-Ен.

САД сè уште немаат експлицитни разузнавачки информации за начинот на размислување на Путин, или дали тој намерно ја одолговлекува војната со надеж за претседателска победа на Доналд Трамп или на републиканците.

Американски функционер смета дека „не се сомневаат“ дека Путин „се обидува да издржи“ до изборите во 2024 година.

Друг извор запознаен со разузнавањето вели:

„Путин знае дека Трамп ќе му помогне. Истото го прават и Украинците и нашите европски партнери“, рече изворот. „Значи, иако не видовме ништо експлицитно за тоа, мора да претпоставите, верувам, дека сите го мислат тоа“.

Европски дипломат изјави за Си-Ен-Ен дека тие веруваат дека обидот да се истера војната во Украина до изборите во САД „е токму планот на Путин“.