Шведска ќе го апси Асанж

Шведското обвинителство поднесе барање за притвор на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, поради обвинение за силување.

Обвинителите побарале Асанж да се уапси во отсуство. Ако биде издаден, налогот за апсење ќе биде првиот чекор што ќе резултира со екстрадиција на Асанж од Велика Британија во Шведска. Моментално, основачот на Викиликс е во затвор во Британија, каде заради прекршување на условите за кауција му беше изречена затворска казна во траење од 50 недели.


Џулијан Асанж стравува дека доколку биде прфедаден на шведскитге власти, од тгаму е биде екстрадиран во САД каде му се заканува сериозна казна поради обелоденување на доверливи владини документи на „Викиликс“.