Еден ден по победата над Северна Ирска од 2:0 во Женева во квалификациите за фудбалскиот мундијал во Катар јавноста во Швајцарија повеќе се занимава со скандалот со репрезентативецот Џердан Шаќири, кому среде интервју на ТВ Тичино му облекоа јакна со грбот на Ослободителната војска на Косово (ОВК)!

Тоа го стори непознат маж со брада, а изненадениот фудбалер од албанско потекло по неколку секунди, откако виде што му облекоа, со насмевка ја соблече јакната и продолжи со изјавата во интервјуто на линкот: https://www.bluewin.ch/de/sport/fussball/nati-star-xherdan-shaqiri-bei-tv-interview-fuer-terroristische-botschaft-missbraucht-918730.html

Шаќири, кој денеска наполни 30 години, е роден во косовскиот град Гнилане и е седми стрелец во историјата на швајцарската фудбалска репрезентација со 26 гола на 96 одиграни натпревари.

На мечот со Србија на последното СП 2018 во Русија го постигна голот за победа на Швајцарија од 2:1, по што славеше со „летање орел“, за што ФИФА го казни со 10.000 швајцарски франци за „неспортско однесување спротивно на принципите на ферплеј“.