Долниот дом на швајцарскиот парламент гласаше против предлогот со кој експлицитно се одобрува трансфер на швајцарско оружје во Украина, пренесува „Франс прес“.
Парламентарното гласање дојде кога швајцарскиот претседател Ален Берсе се сретна со својот украински колега Володимир Зеленски на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија. Таму двајцата разговарале на тема извоз на воени материјали.
Жан-Лук Адор од популистичката, десничарска Швајцарска народна партија – најголемата во Националниот совет – му рече на Советот дека „прифаќањето на оваа иницијатива значи ангажирање со еден од протагонистите, што е наведено во самиот нејзин наслов („Лекс Украина“ Според тоа, ова би било повреда на неутралноста.
На почетокот на војната, Швајцарија отстапи од својата традиционална неутрална позиција и ги прифати санкциите на Европската унија наметнати на Русија поради нејзината инвазија на Украина, но нагласи дека нејзината неутралност не дозволува снабдување со оружје во зоните на конфликтот.
