Возач на возило со швајцарска регистрација заборавил на законите во Македонија кои ги почитува кога се наоѓа во Швајцарија.

Овде во Скопје овој возач на скапиот џип Рејнџровер среде Скопје направил неколку прекршоци со недозволениот паркинг.


Џипот чини стотина илјади евра но швајцарецот не сакал да плати 30 денари за час на паркинг просторот што му е на неколку метри пред погрешно паркираното возило.

Зошто кога доаѓаат од странство каде ги почитуваат законите забораваат на македонските закони е прашање на кое одговор може да даде и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е одговорен за јавниот ред и мир.