Штрајкот во мирување, просветарите чекаат повисоки плати


На денешната средба меѓу министерот Арбер Адеми и претставниците на СОНК, се очекува да се знае кога и колкаво покачување на платите ќе добијат просветните работници откако е ставен во мирување најавениот штрајк за 11 ноември.

 Од синдикатот инсистираат покачувањето да почне од 1 јануари, а не од април 2020 како што им понуди Владата.

Зголемувањето, се чини, сепак ќе биде 10 проценти, иако СОНК во на почетокот бараше 25 %.