Германскиот претседател Штајнмајер дојде во Македонија, со нескриена намера да ги убеди граѓаните и пратениците да ја поддржат намерата на владата во јануари да го отвори Уставот, со цел Бугарите да влезат во Преамбулата.

„Продолжете одлучно по патот кон членството. Не се враќајте назад од последните метри”, рече Германецот во инспиративниот настап во македонскиот парламент.


Се разбира, јас не очекувам Уставот да биде отворен во јануари. Да бидам искрен, воопшто не очекувам и не посакувам да се случи тоа, пред Бугарија да ја запре својата негаторска политика кон Македонците и пред да ги признае идентитетот и самобитноста на македонската нација. Мислам дека тоа е еден сериозен и мошне фер услов што Скопје треба итно да го промовира во Брисел, за воопшто да почнат сериозни и плодни разговори за барањата на Софија. И убеден сум дека владата на Ковачевски за тоа би добила поддршка од Европската Унија.

И од германскиот претседател, бездруго.

Имам впечаток дека Штајнмајер денеска на македонската влада ѝ ги отвори очите, изразувајќи целосно разбирање за правото на Македонците за спорните прашања да разговараат отворено, со емоции, па дури и страстно.

„Протоколот со Бугарија, неопходните уставни измени: тоа се прашања што ги засегаат луѓето во вашата земја, затоа што се работи за прашања на националниот идентитет, македонската историја, јазик и култура. Правилно е да се водат овие дебати со емоции. На важни социјални дебати им е потребна оваа страст. Сметам дека овие дебати можете да ги водите со самодоверба“, рече Штајнмајер.

Хер Штајнмајер, вас ис дас?!

Па нашиве шупци пропагандисти од Илинденска, овие што шетаат со „наративите“ под мишка, цело време ја убедуваат јавноста дека протоколите не се важни, уставните измени исто, а за прашањата поврзани со националниот идентитет, јазикот, историјата и културата воопшто не се разговара.

Зошто Германецот не е добро брифиран? М?

Без да ја оспорувам суштината на неговата убедувачка мисија – Штајнмајер очигледно е голем државник, на прв поглед се забележуваат неговиот шарм и неговата аура, што вешто ги употребува за дисциплинирано да ја изврши својата задача – сакам да кажам дека ми се допадна неговиот стил.

Целата колумна на Бранко Героски на следниот линк:

https://plusinfo.mk/shtom-tie-e-fatat-levo-nie-vednash-desno-a-naturlih/