Пред да му подари икона и со тоа да го признае за најсемилостив лидер во регионот премиерот Заев за српскиот претседател велеше дека е националистички лидер а неговите пропагандисти го обвинуваа дека е човек на Русија.
Откако Вучиќ на Македонија и одобри 8000 вакцини од кои дел стигнаа денеска Заев со дијаметрално спротивен став од тој што го имаше за Вучиќ во 2017 и подоцна.
Сега Вучиќ за Заев веќе не е негативна личност туку најпозитивна а преку иконата на Св. Пантелејмон јавно индиректно порача дека го смета за сѐмилостив.
Најголем број од граѓаните веќе заборавиле што говореше и како Заев го оцрнуваше Вучиќ за денеска токму српскиот претседател да го запира во неговите пофалби за него.
Но интернетот не заборава.
Видео од 2017 година потсетува каква трансформација преживеал Заев кога е во прашање српскиот претседател.
https://old.adriamedia.tv/vesti/kurir-tv-vesti-u-14h-uzivo-vucic-odgovorio-zaevu_91796.html