Што содржи планот од три точки за враќање на рејтингот на СДСМ

Во нормални услови е легитимно опозицијата, во нашиот случај ВМРО-ДПМНЕ, да бара предвремени избори, а власта, во нашиот случај СДСМ/ДУИ, да одбива такви барања, односно во нормални услови е легитимно политичките актери да го избираат времето кога е најповолно за нив да се одржат изборите.

Ова го анализира Сашо Клековски долгогодишен аналитичар кој од неодамна е дел од извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Клековски кој го на искуство со анкети на политички партии и знае каков е трендот на народна доверба кон партијата на Ковачевски открива кој е можниот план од три точки кој требало да го поврати рејтингот на власта а СДСМ и ДУИ да ги врати во ,,политичка игра”.

,,Нормално е СДСМ да сака избори, според нив откако би повратиле дел од рејтингот, со легитимни и полулегитимни мерки, како зголемување на пензиите (откако го укинаа усогласувањето), зголемување на минималната плата (без да се планира усогласување на другите плати), завршување на автопатот Кичево – Охрид, да ја тргнат етикетата на неспособност, или да го тргнат бугарското вето за ЕУ”, открива Клековски во колумна за Нова Македонија.

Според Клековски сега постои стравување дека Владата е доволно очајна за успех, што може да доведе до обид за елиминација на бугарското вето со капитулација, или одложена за в година капитулација.

,,И не само тоа. Во Македонија нема нормални услови, ниту е нормално времето, ниту власта користи легитимни методи за останување на власт. Затоа, избори сега се решение за нашата ситуација”, пишува Клековски.