Eлектронските „здравствени“ картички не го дададоа саканиот ефект и здравствените институции работат на ново решение со кои граѓаните би имале пристап до здравствени услуги.

Електронските картички, чие времетраење е поминато, се вон функција, но и оние што се уште имаат рок, лекарите не ги бараат, па граѓаните ги остваруваат лекарските услуги со старите (сини или зелени) книшки.

„Формирана е работна група со претставници на Министерството за здравство, Фондот за здравство, единицата за електронско здравство и Факултетот за компјутерски науки, која изготви предлог за континуирано обезбедување на електронски услуги во здравствениот систем. Анализирани се процесите каде треба да се користи сегашната електронска здравствена картичка и дигиталниот сертификат. Во согласност со собраните информации, работната група подготви краткорочни и долгорочни решенија за надминување на проблемот со користењето на здравствените услуги“ дознава Алсат М.

Електронски здравствени картички беа ставени во функција во 2011 годиназа што беа издвоени 7,5 милиони евра.