Последните три рочишта од случајот за недозволеното прислушување на илјадници луѓе од страна на УБК во времето кога на чело бил Сашо Мијалков открива низа информации чија анализа покажува дека постои опасност од јавноста но и од судот долго време да се криеле важни аспекти на предметот од кои зависи и македонската демократија генерално.

Во овој текст ќе го прескокнам циркускиот обид на обвинителите Пеливанов и Ристовска со помош на речиси аматер да урнат извештај на водечка светска фирма за спречување на пресретнување комуникации од Израел која откри дека имало најмалку еден систем за следење на комуникации надвор од тие на МВР/УБК.

За шегите и срамот на сметка на обвинителството во друг наврат во кој ќе зборуваме и за вистинската причина за резилот со наводниот експерт.

Во овој текст приоритет се повеќе прашања за кои Ристовска и Пеливанов можеби ги кријат одговорите што ги знаат но и за други теми за кои воопшто не поставуваат прашања, пред се до екс шефот на УБК Мијалков:

Дали УБК во времето кога Израелците откриле нелегално прислушување покренала соодветни процедури и поднесоци до ЈО или Врховниот суд со цел да се открие кој прислушувал?

Дали ЈО, СЈО или било која друга институција постапила по известување од Агенцијата за разузнавање за да се открие кој и зошто прислушувал?

Дали кон претставниците на политичката партија која се споменува во поднесокот од АР се употребени посебни истражни мерки за да ја открие политичката структура која имала систем за следење комуникации?

Дали во илегалното снимање на партијата за која се зборува биле и нивните бизнис партнери кои требало да го испорачаат системот за прислушкување?

Дали еден актуелен висок државен службеник бил цел на ПИ Мерки?

Дали во сетот на нелегално прислушкувани разговори кој што е предаден во СЈО има посебен фолдер за оваа активност?

Зошто Ленче Ристоска во 2017 бараше новинарите да не ја известуваат јавноста за текот на судењето за случајот Таргет?

Која политичка структура или партија ја штити Ленче Ристоска и не ја повикува на одговорност што овие прашања не ги истражиле или ги знае а не ги објавува пред судот?

Кој освен УБК во Мскеоднја имал/е опрема за нелегално прислушкување?

Обвинителката Ристовска и нејзиниот колега Пеливанов (кој официјално го води Таргет – Тврдина) но и сите луѓе во обвинителства имаат долг кон македонската јавност а пред се кон правдата да ги истражат сите, но навистина сите аспекти на предметите кои ги видат.

Кој обвинител со какво новинарско друштво купувало имот за изградба на вили на прекрасни локации низ Македонија јавноста не мора да знае.

Тоа си е нивна приватна работа, се додека нема индиции дека земјата е купувана со сомнителни пари или е поврзана со случаи на СЈО/ЈО.

За другите прашања Пеливанов, Ристовска и другите обвинители мораат да дадат одговор.

Сега или подоцна. Доброволно или по сила на законот што наводно го спроведуваат.

П. С. Мал совет за овде споменатите но и други шефови на квази антикорупциски институции како Билјана Ивановска од ДКСК:

Не барајте помош кај политичките партии да ме замолкнат затоа што меѓу другото, нели се договоривме со помош на Прибе дека ќе градиме правна држава каде политиката и партиите нема да влијаат ниту на правосудството ниту на медиумите.