Судот за човекови права во Стразбур утре ќе ја соопшти одлуката за тоа дали важат аболициите на екс претседателот Ѓорѓе Иванов.
Одлуката на ЕСЧП за аболицијата на Иванов ќе биде најсериозен тест за македонското судство
Експертите не сакаат да предвидуваат каква одлука ќе донесе судот иако упатуваат на досегашната пракса на ЕСЧП. Дел од адвокатите што ги застапуваат жалителите во Стразбур се уверени дека еднаш дадена аболиција не може да биде повлечена, па оттука и верувањето дека ЕСЧП ќе одлучи во нивна корист.
Утре по цели шест години ќе се затвори прашањето дали обвинетите во четири предмети на СЈО можат да одговараат кривично за дела со кои се опфатени во предметите а дел од нив се и осудени.
Жалбата до Стразбур е поднесена во 2017 година а во нејзе се посочува дека еднаш дадена аболиција не може да биде отповикана.
Со аболицијата на Иванов во 2016 беа опфатени 54 лица. Дел од обвинетите во предметите за масовно прислушување „Таргет тврдина“, „Титаник“, „Транспортер“ и „ТНТ“.
Одлуките на Европскиот суд за човекови права од Стразбур според македонското право се обврзувачки за судовите па доколку утре Стразбур каже дека оваа теза е точна осудените ќе треаба да бидат ослободени, во спротивно ако Стразбур одлучи дека аболициите можат да бидат отповикани тогаш сите обвинети ќе подлежат на кривична одговорност.
