Што ќе преземе бугарското МВР околу ова?

Извесен Фејсбук профил со име Antoan Iliev и со скромен интелектуален капацитет, на социјалните мрежи нападна една македонска ТВ која ја обвини за ширење српска пропаганда, за Делчев вели дека бил Бугарин, најави протерување на „македонистите“ од Македонија, ја нарече Европската Унија – смрдлива.

„Бараме од Министерството за внатрешни работи на Бугарија, аналогно на оправданата акција која ја најави нашиот министер, Оливер Спасовски, да реагираат, и да ги спречат овие кривични дела.
Канал 5 ТВ нема намера да дозволи непријателство и омраза помеѓу двата соседи, македонските и бугарски граѓани, туку напротив, и затоа бараме од соседна Бугарија да направи напори и да го спречи овој галопирачки говор на омраза кој доаѓа од нивна страна.“, се вели во реакцијата на телевизијата.