Професорот Љубомир Цуцуловски го коментира големото ништо за Македонија од уште еден самит на Европската унија.

„КАКО И ДА СЕ ПОСТАВАТ РАБОТИТЕ… Некои водечки земји од ЕУ на Република Македонија ѝ поставуваат такви услови за кои однапред знаат дека се речиси неспроведливи (како што е, на пример, промена на Уставот) или (ако се прифатат) ќе водат до уште поголема дестабилизација и демонтажа на Државата. Како и да се постават работите, пораката е јасна – ‘Што и да направите, прием за вас нема!’.

Башка, и покрај сите евентуални промени, секоја земја членка на ЕУ има право секој миг да постави вето“, констатира Цуцуловски на Фејсбук.