Што го премисли министерот Бочварски за дивоградбите?

Во 2021 година актуелниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски предлага и јавно го брани законот за легализација на дивоградбите.

Но пред 6 години истиот човек како висок функционер на СДСМ бил против законот за легализација кој беше донесен во 2011 а во 2016 година претрпе измени.

Што е тоа што го променило неговиот став засега не е објаснето ниту од него лично ниту од неговата партија.