На социјалните мрежи се појави фотографија на јавниот обвинител Љубомир Јовески и адвокатот на премиерот Заев, Филип Медарски, кои се среќаваат во ресторан на бензинска пумпа во Скопје.
Заедно со нив е и трето лице но за неговиот идентитет не е познат.
Со оглед на тоа што бензинска пумпа е крајно нелогична локација на луѓе со вакви позиции и тоа во клучните мигови за иднината на македонското правосудство во контекст на СЈО и пресметката меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во јавноста многу шпекулации за целта на средбата.
Дел од добро упатени профили на социјалните мрежи тврдат дека средбата е консултација меѓу две рунди преговори за СЈО.
https://twitter.com/Fabrik_a/status/1169989670824042497?s=19
Порталот лидер.мк дава листа на причини поради која таа се случила:
“Средбата помеѓу Филип Медарски, адвокатот на премиерот Зоран Заев и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на бензинска пумпа во скопски Карпош била со цел Медарски да му ги “издиктира” желбите на Заев кои Јовески мора експресно да ги исполни откако ќе ги добие сите предмети од СЈО. Станува збор за 6 главни задачи кои Јовески мора да ги реализира со цел Заев да се врати “во форма” на политичката сцена.
Прво, предметите кои се наоѓаат во судска постапка да се распределат на лојалните обвинители кои и досега се докажаа во нарачките на Заев, како за 27ми април, Поткуп и слични случаи.
Второ, за сите обвинети да се побараат веднаш притвори и со тоа целосно да се дефокусира вниманието на јавноста од случајот Рекет.
Трето, да се побара удвојување на бројката на судски рочишта се со цел случаите да бидат завршени со пресуди максимум пред почетокот на изборната кампања, догодина овој период.
Четврто, да се побара куќен притвор за Катица Јанева бидејќи со предавањето на предметите на ОЈО престанува опасноста од повторување на делото.
Петто, да се разводени максимално постапката за случајот Рекет. Сите собрани докази кои видат до Заев да не се земаат в предвид. Сите функционери на СДСМ да бидат дел од оштетените или измамените од страна на Боки Тредичи. Единствен кој би одговарал да е токму Боки.
Шесто, ниеден предмет за корупција на актуелната власт да не биде ставен на работа со образложение дека обвинителите имаат “обврски” околу застапување на превземените предмети од СЈО.
За возврат, Јовески од Владата и од Заев би добил:
– зголемен буџет,
– нови обвинители и истражители,
– медиумска поткрепа за сите дејствија.
Јовески на средбата во целост се нафатил да застане позади барањата на Заев и дека цело ЈО 100% ќе биде ангажирано за овие обврски.
Нејасно е зошто на Заев волку панично му се брза за реализација на овие планови. Дали повторно добил информации од истрагата која ја води Русковска, а кои се однесуваат на податоци и докази кои директно допираат до него во случајот Рекет останува да се дознае за многу скоро”, пишува Лидер.мк.
Јавното обвинителство и Владата досега не објавија за мистериозната средба која не смее да се случи надвор од обвинителатвото или судот и тоа само ако се работи за процесни активности меѓу обвинителството и адвокат кој брани обвинет од Јовески.
Ваква приватна средба меѓу советник на премиерот и човек кој по службена допжност има законска обврска да го гони и премиерот е удар врз обидот македонското правосудство да се претвори во ефикасен и правичен систем.