На 82 ден откако дојде на чело на главниот град Данела Арсовска се соочи со жесток напад и герила акција во која владеачката СДСМ вложила многу пари, енергија, луѓе и други ресурси.
Резултатот од нападот не може да се оцени за целосно успешен.
Поддржувачите им се придружија во нападот врз Арсовска, но многу повеќе граѓани сметаат дека СДСМ претерува со оценките за градоначалничката на Скопје при што се прават споредби со екс градскиот татко Петре Шилегов
⚠️На 82-от ден од мандатот на градоначлничката Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ ова е нејзиниот отчет:
➡️Тоалет. Ова е единствениот нејзин проект. И една нивелација на шахта. Толку.
➡️Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник којшто го имал Скопје. pic.twitter.com/iidPqLvoR2
— SDSM (СДСМ) (@SDSMakedonija) January 29, 2022
На Фејсбук објавата каде СДСМ објавува и специјално видео реакциите се измешани.
Дел од членството и симпатизерите на СДСМ ги следат критиките на партијата но има многу реакции кои се катастрофални за владеачката партија.
Сите коментари на овој линк