Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вчера попладне имал средба во владата со скопскиот градоначалник Данела Арсовска и со градоначалникот на општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, дознава НетПрес.

Засега нема информации за што се разговарала на средбата, единствено е познато дека состанокот траел околу околу час и половина, а една од можните теми била и можната коалиција на политички план, објавува агенцијата за која останува нејасно дали станало збор и за одземањето на ингеренциите или актуелните проблеми на скопјани?

Засега од градот Скопје не откриваат дали имало средба и што се разговарало на неа.

Предходно на средба со Ковачевски беше и лидерот на Алијансата за Албанците Таравари кој планира да влезе во владата по конгресот закажан за декември.