„Што би рекол Борел, ако еден ден македонската полиција во мугрите се најде блокирана во некоја албанска населба, или во некое албанско село во Полог, тетовско – гостиварскиот регион, или во Карадак во Кумановско? Или ако Албанците во Трновац, во Јужна Србија, постават барикади и ја спречуваат жандармеријата да ги спроведува законите на Србија?“ – напиша новинарот и публицист од Македонија Емин Аземи, реагирајќи на ставот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеф Борел, кој изјави пред три дена дека „едностраните и некоординирани дејствија, што ја загрозуваат безбедноста на Косово се неприфатливи“.

Аземи ги изнесе своите ставови во колумната под наслов „Што би рекол Борел, ако Албанците во Македонија се однесуваат на ист начин како Србите во Косово?“, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Инаку, повикувајќи „да запрат насилствата на Косово“, шефот на европската дипломатија Борел имаше напишано на твитер и дека дека „сите отворени прашања треба да се решат преку дијалог со посредство на ЕУ“.

„Косово е држава и во Звечане и во Зубин Поток. Владата на Косово го спроведува Уставот на својата држава и полицијата се однесува согласно со духот на тој устав. Полицијата има право да влезе во секој агол на Косово и да ги спроведува законите на државата. Ако ги следиме будалаштините на Борел за некакво координирање на акциите, тогаш Косово ќе функционира на селективен начин како држава: поинаку за Албанците, за Бошњаците, за Турците, Ромите и за другите, а сосема поинаку за Србите.“

„Што би рекол Борел, ако еден ден македонската полиција во мугрите се најде блокирана во некоја албанска населба, или во некое албанско село во Полог, тетовско – гостиварскиот регион, или во Карадак во Кумановско? Или ако Албанците во Трновац, во Јужна Србија, постават барикади и ја спречуваат жандармеријата да ги спроведува законите на Србија?“ – наведе во својата колумна Емин Аземи, објавена на порталот на ИНА.