На последниот ден од групната фаза на Светското првенство во Катар денеска ќе се дознааат последните двајца патници во осминафиналето од групите „G“ и „H“.

Бразил во претпоследната група, и Португалија во последната група, веќе обезбедија пат во осминафиналето, а само прашање е дали ќе одат како прв или втор во групата.


Натпреварот што ќе се следи со најголем интерес е тој меѓу Србија и Швајцарија. Тоа ќе биде реприза на мечот од групната фаза во Русија, во кој Швајцарија победи со головите на Гранит Џака и Џердан Шаќири. Натпреварот доби и политичка конотација бидејќи двајца швајцарски стрелци со потекло од Косово ги прославија своите голови покажувајќи го со раце двоглавиот орел, симболот на Албанија.

На Србија ѝ треба победа против Швајцарија. Но, во едно сценарио ниту тоа нема да биде доволно.

Имено, доколку Камерун го победи Бразил, и Африканците ќе имаат четири бода како Србите. Лошата вест за „орлите“ е што тие веќе имаат полоша гол-разлика па би требало да ја победат Швајцарија со поголема разлика од Камерун Бразил.

Швајцарија сигурно би профитирала со победа, а бод ќе ѝ биде доволен доколку Камерун не го победи Бразил.

Камерун е во слична ситуација како Србија. Му треба само победа, под услов Швајцарците да не ја победат Србија.

Бразил ќе го загуби првото место доколку загуби од Камерун, а Швајцарија да ја победи Србија со два или три гола разлика…