Талентираниот штипјанец Дамјан Давков, кој заслужено го доби псевдонимот “Питагора”, освои сребро на Светската математичка олимпијада.
Со овој медал тој стана најмладиот освојувач на сребро во Европа и четврти во светот.


Веста на социјалните мрежи ја објави неговата мајка Никица Давкова.

„По пауза од десет години Македонија има пак сребро. Има и две бронзи и две пофалници. Честитки до водачот на тимот проф. д-р Ристо Атанасов и до заменик водачот проф. д-р Мирко Петрушесвки. Голема благодарност до сите, кои на свој начин учествуваа во подготовките на Дамјан. Благодарност до СММ и Мирко Петрушевски кој организираше олимписки подготовки за македонските натпреварувачи“, напиша во постот Давкова.

Таа се заблагодарува и на новиот ментор на Дамјан, и како што вели и до некои наши поранешни натпреварувачи, кои денес живеат и работат во странство, а од кои имаат голема поддршка.

Младиот штипјанец со само 13 години има освоено повеќе меѓународни награди.На Јуниорската балканска математичка олимпијада –ЈБМО освои сребро, додека бронзен медал освои на Балканската математичка олимпијада. Давков е и државен првак.