Локалната самоуправа ќе побара од штипјани на референдум да се изјаснат дали се за обнова на водоводната мрежа во градот.
За тоа би биле уопотребени парите од самопридонесот во висина од 1 милион евра, кои со децении се замрзнати на трезорска сметка, а беа собрани за изградба на брана на Козјачка река – која никогаш не се изгради.
Референдум, би се одржал во ист ден со референдум што го предлага ВМРО-ДПМНЕ на кој граѓаните треба да се се изјаснат „дали се за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија“
„Сметам дека ова е одлична можност да не се одобруваат дополнителни финансиски средства за распишување на наменски референдум за оваа цел и да не се трошат дополнителни средства за избирачки комисии“ рече Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Средствата од самопридонесот општината има намера да ги вложи во реконструкција на застарената примарна водоводна мрежа, односно поставување на водоводна линија 2. Во меѓувреме се преговара со фирма изведувач, но кога би започнале градежните активности, засега нема детални информации.
