Штајнмајер во Скопје: Се наоѓате пред важна одлука…

„Вашата земја се наоѓа пред една важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го отвори патот за отворање на поглавјата во поединечни области како на пример економската политика или владеење на правото“, изјави денеска германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер кој е бво дводневна посета на Македонија.

Усвојување на уставните измени и реафирмација на поддршката на Германија за патот на Македонија кон ЕУ беа клучните пораки што Штајнмајер ги донесе во Скопје.

Рече дека е свесен дека Македонија на патот кон ЕУ имала потешкотии и дека довербата на луѓето во ЕУ била оптоварена со договорот од Преспа, да јо рече дека „бил импресивен пример дека може да бидат надминати долгогодишни разлики ако постои политичка волја од двете страни“.

Штајнмаер ја поздрави прагматичната подготвеност за компромис за засилување на добрососедските односи со Бугарија и притоа посочи дека е убеден дека тој став на крајот ќе се исплати.

„Протоколот со Бугарија, неопходните уставни измени: тоа се прашања што ги засегаат луѓето во вашата земја, затоа што се работи за прашања на националниот идентитет, македонската историја, јазик и култура. Правилно е да се водат овие дебати со емоции. На важни социјални дебати им е потребна оваа страст. Сметам дека овие дебати можете да ги водите со самодоверба“, порача Штајнмајер во обраќањето пред државниот врв и македонските пратеници во Собранието.

„Мојата молба до вас пратениците и до граѓаните е: Продолжете да чекорите по патот на пристапниот процес, и тоа решително. Не скршнувајте на последните метри. Овде можете заедно повторно да испишете историја“, рече Штајнмајер.

Германскиот претседател рече дека неговата и почитта на Германците „не е поради триумфот на македонската репрезентација врз германската, лани во Дузсбург, туку поради вашиот крајно трнлив пат кон ЕУ“.