Шпанија не сака да игра против Косово

Проблем настана откако во понеделникот беа утврдени групите за квалификациите за СП 2022 во Цирих.
Србија беше извлечена во групата А со Португалија, Република Ирска, Луксембург, Азербејџан и Косово.

Сепак, поради добро познатата ситуација и правилата на УЕФА Косово е премнестено во групата Б со Шпанија, Шведска, Грција и Грузија.

И токму, според германски „Спорт1“, се јави проблем бидејќи Шпанците нема да сакаат да излезат на терен заедно со играчите од Косово.

И не само тоа, туку Грузија и Грција, уште две земји што не ја признаа независноста на Косово, имаат слично мислење.

„За разлика од грчките и грузиските власти, шпанската влада всушност не дозволува нејзината репрезентација да се натпреварува против Косово. Оваа забрана е во сила затоа што има бројни паралели со она што се случува во Шпанија со барањата за независност на Каталонија, а Шпанија долго време стоеше на страна на Србија“, пишува германски„ Спорт1 “. Б92