Шпанскиот парламент денеска ја започна расправата за поддршката на предлогот на привремениот премиер Педро Санчез за формирање коалициска влада.

Санчез се надева дека ќе може да формира нова влада со помош на сепаратистичката партија на Каталонија, откако го повика парламентот на Шпанија да му помогне да стави крај на политичкиот ќор-сокак на земјата.

За да состави влада, на Санчез му требаат 176 гласови во процесот што ќе трае до вторник. Извесно дека тој нема да го помине утрешното гласање откако 13 пратеници од про-независноста Esquerra Republicana de Catalunya (ЕРЦ) се согласија да се воздржат, но да му дадат поддршка во вториот круг гласање за новата влада.

„Добро утро. Шпанија нема да се распадне, Уставот нема да пропадне“, рече Санчез (47) во својот говор отворајќи ја парламентарната расправа. „Она што ќе се распадне е блокадата на прогресивната влада што Шпанците ја избраа демократски“ рече Санчез.

Шпанија е во ќор-сокак откако Санчез го распушти парламентот по што следеа две неубедливи општи избори во април и ноември, од кои земјата доби поделен парламент меѓу 5-те најголеми партии кои не можат да се согласат за формирање влада.

Од тие причини Санчез се сврте кон каталонската и сепаратистичка ЕСЦ која може да му обезбеди аритметичка превласт во парламентот.

Најголемата сепаратистичка партија на Каталонија ќе го поддржи премиерот Педро Санчез да формира ја формира идната влада во Мадрид, но за возврат бара разговори за независност на овој регион од Шпанија.