Шпанија гласаше, Македонија ќе почека за НАТО

Комплицирана ситуација по денешните предвремени избори во Шпанија од каде се очекува стабилна влада и формирање на функционален парламент кој би го ратификувал македонскиот влез во НАТО.

Според резултатите можно е Шпанија до март да оди на нови избори што ќе го одоговлече проширувањето на Алијансата со Македонија.


Како што се очекуваше најмногу пратеници освоија социјалистите: 120, по нив се конзервативците со 88 пратеници по што следат десните популисти со 52 и левите популисти со 35 пратеници.

Каталонските партии освоија 21 место во парламентот а либералите 10 пратеници.

Според првичните најави ќе биде многу тешко ќе биде формирано мнозинство од 176 пратеници и стабилна влада.

Аналитичарите на Пиринејскиот полуостров сметаат е можно Шпанија да оди на уште едни предвремени избори за 3-4 месеци со што Македонија теоретски да остане надвор од НАТО дури до мај идната година.

Најдоброто сценарио е социјалистите да се повлечат од своите предходни позиции и да дозволат уште две други леви или центристички партии да добијат министерски места по што парламентот во Мадрид ќе може да даде зелено светло за влез на Македонија во НАТО.