Откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп предизвика бес со изјавата дека САД можеби нема да ги заштитат членките на НАТО кои не издвојуваат доволно за одбрана од потенцијална руска инвазија, реагираше германскиот канцелар.
Трамп: Кој сака заштита од НАТО, мора да плати
Олаф Шолц рече дека одбранбените компании можат да сметаат на неговата влада дека ќе ги зголеми воените трошоци.
Тој, исто така, рече дека ќе ја исполни обврската од 2 отсто од БДП за одбрана на НАТО.
Додека беше на власт, Трамп јавно ги критикуваше земјите кои не ја исполнија целта на НАТО алијансата да посветат 2 отсто од бруто домашниот производ на одбраната.
Шолц рече дека германската и европската одбранбена индустрија треба да преминат кон масовно производство на оружје бидејќи војната во Украина ги изложи европските производители кои се борат да ја задоволат побарувачката за муниција.
„Треба да направиме промена од производство кон масовно производство на одбранбена опрема“, рече Шолц.
„Ова е итно потребно. Суровата реалност не принудува да го направиме ова: не живееме во време на мир“, додаде Шолц.