Шолц: Германија прави се’ да спречи конфликт меѓу НАТО и Русија

Политичкиот курс на земјата, како што истакна канцеларот Олаф Шолц, „останува јасен“.

„Германија, според своите можности, ја поддржува Украина и во исто време прави се за да спречи директен конфликт меѓу НАТО и Русија“, вели Шолц, додавајќи дека „тоа е основата на сите одлуки. Тоа одговара и на волјата на огромното мнозинство граѓани“.


Германија беше подложена на особено остри критики од Украина и претставници на голем број земји на НАТО поради тоа што на Киев не му испратија тенкови и борбени возила на пешадија потребни за офанзивни операции.