„Треба да ја поддржиме Украина во нејзиниот час на очајна потреба“, рече канцеларот Олаф Шолц на специјалната седница на Бундестагот денеска. „Немаше друг можен одговор на агресијата на Путин“, додаде тој, мислејќи на пуштањето германско оружје за Украина.
„Путин ја избра оваа војна, а не рускиот народ, затоа мора јасно да видиме дека ова е војна на Путин“, рече Шолц.
Германија ќе издвојува 100 милијарди евра (112,7 милијарди долари) за фондот за своите вооружени сили и ќе ги зголеми трошоците за одбрана над 2 % од нејзиниот бруто домашен производ, рече канцеларот Олаф Шолц за време на специјалната седница на Бундестагот денеска.
Стана јасно дека „треба да инвестираме значително повеќе во безбедноста на нашата земја, за да ја заштитиме нашата слобода и нашата демократија“, рече Шолц.
Германија досега беше критикувана за, како што многумина го опишуваат, скудното инвестирање во нејзината војска и нејзиниот бавен и слаб одговор на руското воено засилување околу, и последователната инвазија на Украина.
Соопштението во неделата уследи по одлуката на германската влада во саботата да испрати оружје и други резерви директно во Украина. Шолц во саботата рече дека Германија ќе испрати 1.000 противтенковски оружја и 500 ракети Стингер директно во Украина.
Неговата влада, исто така, отстрани некои ограничувања за испраќање оружје од германско производство во конфликтните зони, овозможувајќи им на повеќе земји од трети страни да испраќаат оружје и во Украина.
Овој потег сигнализира голема промена во германската одбранбена политика која е во сила од крајот на Втората светска војна, која го спречуваше извозот на оружје од локално производство во конфликтните зони.
Обраќањето на канцеларот беше често прекинуван со френетични аплаузи…
