Германија е подготвена да стане постојана членка на Советот за безбедност на ОН и бара поддршка за тоа, изјави канцеларот Олаф Шолц во обраќањето на Генералното собрание на ОН.
„Германија исто така е подготвена да преземе поголема одговорност како постојана членка на Советот за безбедност на ОН и првично како непостојана членка во 2027-2028 година“, рече Олаф Шолц.
„Ве молам да ја поддржите нашата кандидатура. Кандидатурата на земја која ги почитува принципите на Обединетите нации и која ја поддржува и учествува во соработката“, аргументираше германскиот канцелар.
Тој додаде дека Советот за безбедност на ОН треба да се реформира и прошири.
„Мораме да ги прилагодиме нашите правила и институции на реалноста на 21 век. (…)
Ова важи и за Советот за безбедност на ОН. Со години Германија се залага за негово реформирање и проширување“, нагласи Шолц.
