Германскиот канцелар Олаф Шолц се залага за реформирање и проширување на ЕУ, повикувајќи на постепено укинување на едногласно донесување одлуки во надворешната и даночната политика, како и во други области.
Шолц укажа на потребата од реформи во ЕУ за да се подготви за нови членки.
„Јасно ставам до знаење: ако наше барање е геополитичка Европа, тогаш одлуките на мнозинството се победа, а не губење на суверенитетот“, нагласи тој.
„Една Европска унија составена од 27, 30, 36 земји, во која живеат повеќе од 500 милиони слободни и еднакви граѓани, може уште повеќе да ја зголеми својата тежина во овој свет“, рече Шолц обраќајки се пред 300 делегати на Конгресот на неговата партија.
Тој истакна дека не треба да се занемари загриженоста на малите земји-членки. „И во иднина секоја земја мора да биде слушната за нејзините проблеми, се друго би било предавство на европската идеја“, вели шефот на германската влада.
