Германскиот канцелар Олаф Шолц објави видео обраќање во кое зборува за политиката на Берлин кон Русија и војната во Украина, пренесуваат медиуми.

Приоритет на властите, според Шолц, останува безбедноста на Германија.


„Нашата цел е јасна – Русија не смее да може да ги прошири своите граници со употреба на сила“, рече тој, додавајќи дека Германците сакаат „мир во Европа и војната да не се приближи (до границите на Германија)“.

Според канцеларот, надворешната политика на Германија се заснова на три принципи

  • хуманитарна, финансиска и воено-техничка поддршка за Украина;
  • спречување на конфликтот да ескалира во војна меѓу Русија и НАТО;
  • тесна координација на сите акции со сојузниците и партнерите предводени од САД.