Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во понеделникот дека економската соработка меѓу Германија и Русија би можела повторно да биде возможна доколку Кремљ стави крај на војната во Украина.
Шолц во претходните говори рече дека Западот нема да ги укине санкциите наметнати на Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина додека Москва не ги повлече своите трупи од Украина и не постигне мировен договор со Киев, пренесе Ројтерс.
„Во моментов односите што ги имаме се намалуваат, се намалуваат, се намалуваат“, рече тој пред Германскиот комитет за источноевропски економски односи, мислејќи на западните санкции кон Русија кои ја поништија билатералната трговија и инвестициите.
„Но, на Русија која ќе стави крај на војната“, рече Шолц, треба да и се даде шанса за обнова на економската соработка. „Но тоа не е сега.
