Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев знаеле дека двајца меѓународни криминалци со македонски пасоши патувале Јужна Америка но не презеле ништо против нив, открива меѓу другото новинарот Драган Павловиќ Латас во вчерашното издание на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ.
Латас во емисијата бара градоначалникот на Скопје Шилегов да објасни како дал пари и одобрил да во зоолошка градина се изгради куќа за пингвини од 360.000 евра, а 350.000 чини куќа од 400 квадрати комплетно наместена.
Новинарот за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, новинарот Драган Павловиќ Латас вели дека не може некој да не убеди дека таа куќа чини 350.000 евра и истите пари ги даваш за тоа кога немаш пари за вакцини, и немаш амбулантно возило и во сред епидемија немаш набавено ниту еден респиратор.
“Коце Трајановски позади него има булевари, улици, водоводи, канализации, стадиони, во двата мандати, а со што ќе излезе Шилегов, нема ништо направено освен куќата за пингвини за која земале пари со директорот на зоолошка да ги поделат меѓу себе”, потенцираше Латас.
Латас очекува Шилегов да каже од каде му е идејата да менува улици во последна година од својот мандат иако по закон е забрането.
“Што му е идејата, да забавува народ? Што со менувањето на името кога не е подобра улицата?”, прашува Латас кој открива комуникација меѓу синот на Шилегов и неговиот син за лажни информации поврзани со приватни теми.
Целата емисија која изобилува со шокантни информации на овој линк.
https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/4674671385893108/