По зголемувањето на цените на млечните производи најавено е драматично поскапување на традиционалниот свински производ кој масовно го консумираат македонците.
Според економистите и познавачите на состојбите на пазарот, еден килограм чварки следната зима ќе достигне цена и до 1.500 денари, а големо поскапување ќе се следува и на сувомеснатите производи и воопшто на месото во месарниците, пишува порталот Денар во својата кратка анализа.
,Сувомеснатите производи и сега се продаваат за повисоки цени за разлика од лани. Сланината во минатото беше прилично евтина, но очигледно тоа беше друго време. Пред 3 години чварките се продаваа за 400 денари, а сега ќе се продаваат до 1.500 денари за килограм. Ако чварките во минатото се сметаа за евтин деликатес, овојпат ќе можат да си ги дозволат само богатите”, коментираат експертите за Денар.
За неколку години од 300 данеи на килограм лани дојдоа до 800 денари а годинава цената на чварките може да биде повисока од некои брендови пршута.
Повеќе на Денар.мк