Шојгу отиде на фронт!

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу лично извршил инспекција на група руски војници „во зоната за специјални операции“, објавија руските државни новински агенции.

Според соопштението за печатот на Министерството за одбрана, Шојгу „прелетал над областите на распоредување на војници и ги проверил напредните позиции на руските единици“, разговарал со руски војници и ги слушал извештаите од командантите за моменталната ситуација и дејствијата на руските војници во оперативните области.

Информацијата за посетата на министерот на линијата на фронтот дојде само еден ден откако Кремљ објави дека рускиот претседател го посетил штабот што ги координира акциите на руската војска во Украина.