„Шо си напредок во та глата“ – Ковачевски пак утна мисла на Делчев

Премиерот Ковачевски повторно промаши мисла на великанот Гоце Делчев.

Откако пред нецели сто дена во познатата мисла на Делчев за светот како поле за културен натпревар на народите, зборот натпревар го смени со напредок и на одбележувањето на неговото погибие повторно натпревар стана напредок.

На некој писмен во кабинетот на премиерот му текнало дека е направена грешка по што таа е отстранета но неверојатно е дека за 3 месеци шефот на владата пак направил иста грешка.

Фактот дека Ковачевски не знаел што рекол Делчев се гледа во историјата на Фејсбук.

,,Неверојатно но вистинито, ПОВТОРНО го згреши цитатот. Исто како и на 4 февруари. „Шо си напредок во та глата“, би рекле моите охриѓани на ова”, забележува Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит за непознавањето на премиерот на стожерната мисла на апостолот на македонската револуционерна борба.